Испукани усни, губење на вегите: Неколку знаци кои покажуваат дека не сте здрави
Ова се знаците кои телото ни ги кажува, а кои не смееме во никој случај да ги игнорираме.
Ова се знаците кои телото ни ги кажува, а кои не смееме во никој случај да ги игнорираме. Тие покажуваат дека не сме здрави онолку колку што мислиме дека сме.
1. Бели влакна пред 40-тата година
Белите влакна се природна појава која честопати зависи од генетиката. Но, ако имате повеќе од 50% бела коса веќе во 30-та година од животот, а немате такви случаи во потесното семејство, тоа може да биде знак за дијабетес.
2. Испукани усни
Непријатните пукнатини на усните можат да бидат предизвикани од промена на температурите и од ветер. Но, оние пукнатини кои често се јавуваат на рабовите од усните и или внатрешните ранички можат да бидат знак за недостиг на витамин Б и цинк. Ако пукањето на усните е често, причина за тоа може да биде и габична инфекција.
3. Отечен врат
Ако сте забележале дека вратот ви е отечен, веднаш побарајте совет од доктор. Оток на предниот дел од вратот најчесто е поврзан со проблеми со штитната жлезда, кои се вообичаена појава кај жените помеѓу 20 и 50 – годишна возраст.а
4. Губење на вегите
Со тек на годините веѓите стануваат поретки, но наглото губење на влакната може да биде знак за проблеми со штитната жлезда, хипертиреоза – преактивна штитна жлезда или хипотиреоза – намалена работа на штитната жлезда. Ваквите промени се проследени и со губење на косата.
Извор: novalek.mk