За портокалот веќе знаете дека е корисен, како за здравјето, така и за убавината. Но, дали сте слушанале и за следниве придобивки од кората од портокал?
За портокалот веќе знаете дека е корисен, како за здравјето, така и за убавината. Но, дали сте слушанале и за следниве придобивки од кората од портокал?
Кората од портокал е богат извор на растителни влакна
Во 100гр кора има 10,6 грама влакна. Растителните влакна овозможуваат здрав систем за варење, го регулираат нормалното празнање на цревата, вклучувајќи појава на запек, гас и надуеност.
Содржи витамин Ц
Овој витамин игра многу важна улога во зајакнување на имунолошкиот систем и ве прави отпорни на вируси и настинки. Ова е особено важно во овој зимски период, познат како сезоната на грипови и настинки.
Кората од портокал е богата со калциум
Калциумот е важен минерал кој има клучна улога во здравјето на коските, здравјетона срцето, мускулите, нервите и забите. Во 100 грама кора од портокал се наоѓаат 161 милиграм калциум.
Кората од портокал е богата со флавоноиди
За флавоноидот е познато дека е многу корисен за нашето здравје. Најголема концентрација во кората од портокал има од хесперидинот, соединение кое е познатои дека има антиоксидансни, антибактериски, антигабични, антивирусни, антиканцерогени и аналгетичкисвојства.
Портокаловата кора за борба против мамурлак
Направете една смеса од кората од портокал и сол во водата, мешавина која ќе врие околу 20 минути и може да ги намали класичните симптоми на мамурлак (главоболка, вртоглавица, нагон на повраќање).