Се сеќавате на Зумбул-Ага од серијата „Сулејман величествениот?“
Познатиот турски актер Селим Бајрактар нашата публика го запозна преку улогата на симпатичниот, но лукав Зумбул-Ага во популарната серија „Сулејман величествениот“. Овој пат Селим се подготвува за една потполно поинаква улога, а поради променетиот изглед, многумина никогаш не би погодиле дека станува збор за Зумбул-Ага.
Селим за новата улога мораше да пушти брада со која потполно го трансформираше својот изглед. Тој овој пат го игра главниот негативец кој мисли дека со пари може да купи се, па и љубовта. Во серијата, и покрај тоа што е оженет, се вљубува во друга жена и не бира средства како да ја раздели од нејзината вистинска љубов.
Погледнете како тој изгледа во новата серија: