Со костени до појака коса: Рецепт за домашен лосион кој го дава посакуваниот сјај
Дали сте знаеле дека костените ја зајакнуваат косата?
Дали сте знаеле дека костените ја зајакнуваат косата? Под неговата убава, црвена кора се крие вистинска ризница на благотворни минерали, витамин Б, како и витамин А и Ц. Костените се одлични за зајакнување на косата, затоа што ја поттекнуваат размената на материи во келиите на кожата на главата, што го забрзува растот на косата. За да се уверите во благодетот на овој есенски плод, самите можете да направите „домашен“ лосион за коса. Ставете околу 70 грама излупен костен во еден литар вода и варете околу 20 минути. Процедете, а потоа почекајте малку да се излади, па добиената течност втријте ја во косата веднаш после нејзиното миење. Лосионот нанесувајте го три пати неделно, најмалку еден месец. Освен што ќе го спречите сушењето на кожата на главата, овој природен препарат ќе ви даде и совршен природен сјај.