Овие шишки повторно се во мода
Некои жени ги сакаат, некој не
Тоа е така бидејќи шишките можат да го трансформираат целосниот изглед на лицето, и тоа некогаш на подобро, но некогаш и на полошо. Особено ако изберете шишки кои не стојат добро на вашето лице и коса.
CURTAIN BANGS
Но во последно време еден тип на шишки се истакна посебно. Толку се популарни што потрагата за нив на Пинтерест порасна за 600 отсто. Во прашање се шишки кои се викаат „curtain bangs“ а култниот статус им го обезбеди Брижит Бардо на која токму разиграни шишки поделени во средишниот дел и беа заштитен знак. Вакви шишки обожава и трендсетерката Алекса Чунг која ги фура веќе со години, а сезонава се враќаат на голема врата.
Тие се одлична алтернатива за класичните шишки со остри линии кои се потешки за одржување, а можете и да ги пуштите да пораснат ако ви се досадни. Тие им стојат убаво на сите, за разлика од останатите видови, а при нивното правење треба да се внимава на густината на косата. Го отвораат лицето, ги истакнуваат очите и усните и даваат младешки изглед. Тие се одлично решение за дамите кои сакаат промена, но не се храбри за рамни и впечатливи шишки.
Можете да ги фурате како со пуштена, така и со подигната коса, но според фризерите најдобро е да не ги одржувате со пегла за коса бидејќи може да им даде преостар изглед и со претерување можат да се исушат па подоцна тешко ќе ги скротите. Но ако не можете без пегла, тогаш користете ја внимателно и со некаква заштита од топлината.