Војвотката од Кембриџ во издание во какво ја немаме видено досега
Кејт Мидлтон е во блажена состојба, а нејзиното трето дете на свет треба да дојде во април 2018 година. Како и за време на првите две бремености, војвотката во првите недели имаше проблеми со трудничка хиперемеза. Поради мачнините некое време не се појавуваше во јавноста, но штом и поминаа тегобите таа се врати на своите кралски обврски.
Овој пат причина за појавување во јавноста беше посетата на Националниот тениски центар во Лондон, а тоа воедно беше и нејзиното прво самостојно појавување по објавувањето на веста дека е бремена.
Таа овој пат НЕ носеше високи потпетици ….
Беше облечена во бели патики и тренерки од ексклузивниот спортски бренд Monreal London кои ги обожаваат ѕвездите од А листата, е меѓу нив и Викторија Бекам и нејзината сестра Пипа.
Па, што велите за ова спортско издание на војвотката?