Познатата актерка повторно изгледа фатално – Анџелина Џоли во комбинација која што можете и вие да ја носите!
Анџелина Џоли премногу не се обидува од јавноста да ги сокрие проблемите низ кои што поминува пред и по разводот со Бреди Пит.
Но во последно време изгледа се поопуштено, многу често ја гледаме со децата, а се појавува и на разноразни настани и случувања, од филмски премиери до оние кои се поврзани со нејзината хуманитарна работа.
И конечно дојде време за промена: Анџелина Џоли со нова фризура >>
Овој викенд беше со децата на шопинг облечена во црн фустан со прерамки и црни чизми над колена со високи потпетици додека целата комбинација ја зачини со шал во сива боја и црна чанта. Анџелина изгледаше одлично во ова издание кое претставува вистинско освежување по сите оние необични комбинации во кои што ја видовме во последно време.
Познатата актерка која воедно е и мајка на шест деца овој пат беше во прошетка со три од нив – Вивиен, Нокса и Шајло.