Препораки

Есенски базар на уникатни современи уметнички творби

Advertisement

Од 3 до 5 ноември во најголемиот трговски центар во Скопје, City Mall ќе биде организиран голем Есенски базар на уникатни современи уметнички творби, кои рачно ги имаат изработено мајстори – креативци.

Advertisement

Станува збор за повеќе од 20тина индивидуалци, artisans – уметници, и 18 брендови, кои ќе ги претстават пред јавноста своите најнови и оригинални производи. Па така, овие три денови, посетителите ќе имаат можност да купат автентични производи од филигран и модерен накит, преку рачно изработени чанти и чевли, до дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошови, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој. Станува збор за имиња и брендови како Mei Ro, Глигор Кузмановски, Ani Soro, Shoewondercrafts, Woodyz, Morpho, Kare workshop, Little things, Farina’s handmade, Карло Хорват, Em Ellephantski, Елена Ристовска, UrbanЕra, AnArt, Huggable Dolls – amigurumi, Mighty jewlery, Bulberry и Windmill Shop.

Секој рачно создаден производ е бесценета приказна, која го заокружува целиот вложен труд на овие креативци, време, внимание и посебно вложена љубов во секој детал од нивната работа. Секој од нив има изградено свој препознатлив уникатен стил, кој раскажува шарени визуелни приказни, со убав почеток и крај, приказни, кои долго ќе се паметат и со радост ќе се раскажуваат. Визуелната комуникација за овие уметници претставува клучна инспирација, моќта да допрат до некого најдлабоко, без притоа да разменат ниту еден збор. Деликатно направениот избор на уметници само ќе го доразубави просторот во City Mall, кој агилно се грижи да ги поддржи занаетчиите, кои рачно изработуваат автентични производи.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button