Кафе муабет

Кога си добар, секогаш ќе се најде некој кој ќе го искористи тоа

Advertisement

Кога си добар, секогаш ќе се најде некој кој ќе те гази, поразува, притиска.

 dobar

Advertisement

Кога си добар, секогаш ќе се најде некој кој ќе те гази, поразува, притиска. Секогаш ќе се најде некој кој ќе сака да ти ја исцрпи и последната сила. Луѓето мислат дека кога сте добри, сте и еднакво глупави, па истото го искористуваат и го злоупотребуваат. Но, тоа е далеку од вистината. Добрината без интелигенција не е добрина, тоа е наивност која брзо ќе се истроши. Но, добрината заедно со интелигенцијата е најјака сила.

Не откажувајте се од критериумите кои сте ги поставиле, туку откажете се од луѓето кои ве тераат да ги спуштите тие критериуми. Кога ќе сфатите дека некој ја искористува вашата добрина, насмејте се и дајте му до знаење дека разбирате каква игра игра, покажете дека не сте личност која може да ја вртат околу малиот прст. Не откажувајте се од своите идеали. Луѓето кои издржале во потешкотиите, се луѓето кои го менуваат овој свет, кој го прават подобра.

Кога си добар, секогаш ќе се најде некој кој ќе сака да те гази. Но, воздигнете се над тоа, покажете дека разбирате повеќе отколку што зборувате, дека сте свестни и слободоумни. Не дозволувајте некој да ве поразува, но никогаш не дозволувајте и вие да ги газите другите. Оваа рамнотежа е мудроста на животот.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button