Кафе муабет

Порака за љубовта на мојот живот: Каде и да се наоѓаш, ќе те пронајдам

Advertisement

Ќе те пронајдам, а кога ќе се случи тоа, ќе биде затоа што сум подготвена да те сакам со целото свое битие, онака како што заслужуваме и двајцата.

 1 poraka

Advertisement

Ќе те пронајдам, а кога ќе се случи тоа, ќе биде затоа што сум подготвена да те сакам со целото свое битие, онака како што заслужуваме и двајцата.

Љубов моја, тоа сум јас. Знам дека уште не ме познаваш, но исто така знам дека често сум во твојот ум. Знам дека ноќта сонуваш за мене и ме сакаш покрај себе. Знам, затоа што и јас го чувствувам истото. Сакам да знаеш дека јас сум реална, иако можеби во тоа се сомневаш. Сакам да знаеш дека постојам. Можеби нашите души веќе се имаат запознаено уште пред да стигнеме на овој свет, исто така како што знам дека се сретнале и во претходниот живот.

Сакам да ти кажам дека сум била зафатена и затоа не те имам пронајдено. Сакам да бидам најдобра верзија од себе, за конечно да можеме да бидеме заедно. Сакам да бидам целосна за себе, за да можам да бидам и целосна со тебе. Не се обидувам да бидам совршена, затоа што совршенство не постои, но за некои работи едноставно морам да се погрижам. Морам да станам посилна, за заедно да се справуваме со потешкотиите и лесно да им се спротиставуваме на несреќите. Знам дека секогаш го добиваме она за што сме спремни, а јас уште не сум спремна за тебе.

Advertisement

Ако моментално не сум со тебе, тоа значи дека морам да нурнам уште подлабоко во морето на својата душа, за бескрајно да можам да нуркам во твоето море. Не откажувај се од мене, љубов моја. Се гледаме наскоро.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button