И покрај ексцентричното издание, сите зборуваат за овој моден додаток
Необична волуменизирана креација од „Luar“ во комбинација со голема проѕирна чанта и високи потпетици и ПВЦ наместо чорапи. Но она што најмногу привлече внимание во нејзината комбинација е малата чантичка што се наоѓаше во големата ПВЦ чанта која наликува на купче банкноти. Чантата е од колекцијата на Џудит Либер за Александар Ванг и веќе важи за еден од најголемите трендови за оваа сезона.
Цената на ова мала чантичка изнесува неверојатни 4 995 долари. Но тоа за девојките како Ким Кардашијан, Ријана, Бијонсе и Џенифер Лопез е мачкина кашлица. Токму тие во последно време нивните комбинации ги заокружија со оваа впечатлива чанта која е зачинета со 10.263 црни, зелени и проѕирни Сваровски кристали.
И Тараџи П. Хенсон ја има истата чантичка
Станува збор за „limited edition“ чанта која на страната на alexanderwang.com е веќе распродадена, а со дизајнот потсетува на замотано трупче со пари од по сто долари. За да се изработи потребно е околу недела дена, а во моментов важи за најпознат моден додаток од колекцијата на дизајенрката Џудит Либер за Александер Ванг.
Па, дали ви се допаѓа оваа чанта?