Тие покажаа дека имаат сличен стил, но и дека се многу блиски
Викторија Бекам и Ева Лонгорија се пријателки веќе со години, а покрај семејните дружби обожаваат и заедно да излезат и да се појават на официјални настани. Нивната блискост тие ја демонстрираа и на отворањето на новиот фризерски салон на Кен Павес во Лос Анџелес. Настанот кој што го водеше прекрасната Ева (42) беше покриен со фотографии, а најголемо внимание привлече онаа на која што Ева и Вики седат на софата. „Супер чизми. Те сакам Ева Лонгорија!“ стои под фотографијата на Инстаграм во коментарите на британската дизајнерка која се пошегува на сметка на лонгетата што ја носеше нејзината пријателка на десната нога.
Имено, на Ева и е повредена десната нога па наместо чевли со високи потпетици носеше лонгета која сепак не се одрази многу на нејзината комбинација. Таа на настанот се појави во комбинезон во темно сина боја со бели риги кој го откри нејзиното деколте. И додека очајната домаќинка вниманието го привлекуваше со комбинезонот на едно раме, Викторија му остана верна на својот елегантен стил во кој овој пат главната улога ја играше црниот фустан од нејзината последна колекција кој се продава околу 3000 фунти.
На најдобрите пријателки во еден момент им се придружи и сопругот на Викторија, Дејвид Бекам, а тие станаа блиски токму затоа што често се среќаваа на вакви настани. Нивното пријателство стана уште посилно по бројните семејни дружби што следуваа, а покрај тоа Викторија и беше најголема поддршка на Ева откако и се распадна бракот со кошаркарот Тони Паркер, додека Ева стана и кума на ќерката на Викторија, Харпер.