Исушената кожа на усните често е многу болна, па потребно е повеќе време и нега за да закрепнат.
Исушената кожа на усните често е многу болна, па потребно е повеќе време и нега за да закрепнат. За да го спречите тоа, еве неколку совети со кои усните ќе ви бидат меки во текот на целата зима.
Негувајте ги усните пред спиење – На усните навечер дајте им што побогата нега. Мрсни балсами, богати креми или вазелин ќе ја нахрани и ќе ја хидрира кожата во текот на ноќта.
Внимавајте на SPF – Дури и во зима на кожата ѝ е потребна заштита од штетните сончеви зраци. Затоа изберете балсам што содржи SPF за да спречите сушење и темнеење на кожата на усните.
Пијте вода – Испуканите усни се резултат на дехидратација. Затоа пијте доволно течности, до осум чаши дневно, дури и во зима.
Користете балсам – Балсамот секогаш треба да ви е при рака. Користете го кога и да почувствувате потреба.
Заштитете ги усните со шалот – Кога излегувате на ладно и на ветер, усните задолжително заштитете ги со шал.
Извор: ubavinaizdravje.mk