Лесно и ефикасно: Пет начини како да изнервирате маж
Ниту една врска не е совршена, но понекогаш е неопходно да не бидете толку фини.
Ниту една врска не е совршена, но понекогаш е неопходно да не бидете толку фини. Во некои околности мора да го изнервирате мажот, со цел да го промени своето однесување, или едноставно, малку да го оттргнете од себе. Но, ако до сега не сте размислувале на таа тема, овде прочитајте како можете „да му згазнете на нервите“.
1. Терајте го на диета
Патот до машкото срце е преку неговиот стомак. Секој фраер има своја слабост, без разлика дали е тоа некој пијалак или чоколадна крофна. Почнете да му кажувате дека за него се идеални некои чудни овошја, за кои никогаш не ни слушнал за нив. Доволно е да му подготвите еден чуден оброк, за да му се одмаздите за многу работи кои ви ги направил претходно.
2. Изгубете му ги клучевите
Вашиот партнер ќе се изнервира ако му ги изгубите клучевите, но уште полошо ќе се чувствува доколку го убедите дека тој е оној кој ги изгубил. Секако, резервните клучеви чувајте ги во вашиот џеб.
3. Викнете ги сите ваши другарки
Одеднаш во вашиот дом ќе имате група жени кои ги лакираат своите нокти, нанесуваат маск на лицето додека зборуваат со нивните симпатии. Никако не зборувајте за него…
4. Непрекинато праќајте му пораки
Пишете му ги сите свои мисли, пишете му дека го сакате, испратете му смс да го прашате што сака за вечера… бомбардирајте го со пораки! И самите знаете колку е иритирачки кога некој непрекинато ви праќа пораки.
5. Променете му ја мелодијата на телефонот
Колку почудна мелодија одберете – толку подобро. Секогаш кога ќе го забележи тоа и ќе ја врати назад старата мелодија, вие променете ја повторно и ставете некоја уште подосадна.