Ние жените премногу често забораваме на себе, на својата удобност па и на здравјето. Колкумина од вас сѐ уште трчаат во обична долна облека? Дали понекогаш сте се запрашале зошто спортистите избираат спортска долна облека? Зошто би ни требало и нам, кои со спортот се занимаваме само во слободното време, понекогаш?
Едноставно – во него ќе ни биде полесно да ги достигнеме поставените цели, вежбањето ќе биде поудобно, а благодарно ќе биде и нашето тело.
Особено градите се оние кои ја чувствуваат силната физичка активност, а со текот на времето тоа влијае и на нивниот изглед. На секој скок, скокаат и вашите гради, а нивната тежина не ја носат мускулите, туку ткивото и кожата. Честото оптоварување без соодветна опрема може да биде болно, а градите побрзо ќе виснат. Спортската долна облека е дизајнирана да обезбеди оптимална поддршка на градите и при најинтензивните движења.
Нашата долна облека помага да ја регулира телесната температурата, а ја одбива и влагата. На тој начин вежбањето е пријатно и удобно.
Се разбира, активната спортска долна облека исто така може да биде и модерна. Моделите на Miss Sporty од колекцијата Cheek by Lisca, меѓу кои е и популарниот градник без жица, направени се од тенко и лесно микровлакно, се грижи телото да биде секогаш суво, движењето опуштено и благодарение на трендсетерските модели и модерната боја ќе ги носиме и тогаш кога не спортуваме.
Повеќе модели на Miss Sporty од колекцијата Cheek by Lisca можете да видите тука >>
види повеќе » |