Џенифер Лопез популарната „Биркин“ чанта ја носи со тренерки?
Џенифер Лопез во шик off duty издание
Пејачката на хитот „If You Had My Love“ за прошетка низ Њујорк избра едноставни сиви тренерки со бели штрафти на ракавите и ногавиците, а целата комбинација наместо со спортски ранец и патики ја зачини со сиви чизми со тенки високи потпетици и популарната чанта „Hermès Birkin“ која секоја жена би сакала да ја има во своите плакари.
Нејзината коса беше врзана во висока, несредена пунџа, а лицето и беше сокриено зад големи очила за сонце со огледало ефект.
Луксузниот дом на Џенифер Лопез кој се продава за 27 милиони долари >>
Проблемот со овие комбинации е што многу лесно можете да погрешите кога се во прашање тренерки и високи потпетици, но мораме да признаеме дека Џеј Ло тоа го направи одлично и заслужува само пофални зборови.
Што мислите вие?