Фармерки што покажуваат повеќе отколку што сокриваат
Овие неколку сезони на сите ни стана јасно дека фармерките можат да се појават во сите облици и големини. Дизајнерите експериментираа со моделите за мајки, со патентите, со најразлични материјали, со додавање, одземање, а резултатот беше најневеројатните модели што сме ги виделе досега. Сепак, еден дизајнер кој работи во Јапонија на модната недела „ Amazon Fashion Week Tokyo “ го покажа најнеобичниот модел што сме го виделе досега.
Станува збор за модел на брендот „Thibaut“ кој и на предниот и на задниот дел му недостигаат делови и во кој ќе изгледате како тукушто да сте излегле од кафез полн со тигри. Оставени се само тенки, искинати ленти да висат по рабовите се до и околу глуждот.
Но дали некој би можел да ги носи овие фармерки?
Па најверојатно Кендал Џенер која пред неколку месеци веќе се прошета во сличен модел. Таа носеше нешто што најблиску би го опишале како тексас шорц кој исто така има искинати рабови кои висат покрај нозете се до порабениот дел околу зглобовите.
Фармерките на јапонскиот бренд „Thibaut“ покриваат помалку, но изгледаат.. подобро! Или посекси (?). Од тука и се поставува прашањето – дали Кендал Џенер ќе го искористи овој нов модел и ќе успее да ни наметне нов бизарен тренд?
Искрено се надеваме дека тоа нема да се случи
Инаку, случен модел пред неколку години фураше и пејачката Јелена Карлеуша. Таа нејзиниот необичен модел го надополни со краток топ и шпиц салонки во тиркизна боја, но и ни покажа дека за еден ваков модел треба да имате долна облека која совршено ќе се вклопи во комбинацијата, бидејќи потполно се гледа.
Впрочем како и на моделот од „Thibaut“
На следната страна погледнете ги и останатите бизарни модели што беа популарни во изминативе неколку месеци >>