Брижит Макрон ни покажа дека можеме да носиме тесни фармерки и да изгледаме убаво без разлика на нашите години
Таа едноставно не знае да погреши
Брижит Макрон и на 64 години обожава да носи тесни панталони во комбинација со дизајнерски парчиња во спортски стил. Моделите што најчесто ги носи се со потписот на „Balmain“ и „Alexander Vauthier “, а овој пат тесните фармерки ги носеше во комбинација со сако во сива боја и шик салонки, а целото издание го заокружи со едноставна бела кошула.
Овие комбинации им се омилени на Французинките, особено на оние од помладата генерација. Тоа е така најповеќе затоа што многу лесно се вклопуваат како во деловните, така и во вечерните изданија иако Брижит со нејзината комбинација ни покажа дека истите не мораат да бидат резервирани само за помладите, ниту пак само за неформални пригоди.
Брижит во тесни фармерки и капут од Луј Витон >>