Реклама
Стил

Шпанската кралица Летиција во панталони и фустан што можете да си ги купите и во Скопје

Реклама

Еве како изгледа кога кралицата ќе облече парчиња од Зара

Шпанската кралица Летиција важи за една од најпознатите модни икони на светот. Но за разлика од многу други дами од кралскиот двор кои постојано ги гледаме во (пре)скапи парчиња, Летиција многу пати досега ни покажа дека знае да заблеска и во поприлично едноставни парчиња кои можеме да си ги дозволиме сите.

Маркетинг

Таа неодамна се појави во цветен фустан од познатиот шпански бренд кој е мошне популарен и во Македонија. Фустанот најверојатно може да се најде и во продавницата во Скопје и тоа со пристојна цена, а кралицата ни покажа како да изгледаме гламурозно во него.

Маркетинг

Кралицата и претходно ни има покажано дека во нејзините плакари има место и за парчиња од хај-стрит продавници. Имено таа пред неколку недели се прошета во пастелно розова блуза со широки кратки ракави и феноменални панталони килоти во иста нијанса кои исто така можат да се најдат во продавниците на овој познат шпански бренд.

Па, која од овие комбинации на кралицата ви се допаѓа најмногу? 

Шпанската кралица и во класичен костум изгледа прекрасно – погледнете го ова нејзино неодоливо издание >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button