Кокосовото масло е најдобро природно масло продив опаѓање на косата, затоа што силно продира во косата и ја штити од сушење.
Кокосовото масло е најдобро природно масло продив опаѓање на косата, затоа што силно продира во косата и ја штити од сушење. Личностите кои имаат проблем со опаѓањето на косата можат на неколку начини да го подобрат нејзиниот раст и да го спречат опаѓањето. Во тоа многу можат да помогнат и растителните масла, а најдобри се следниве: Кокосово, маслиново и масло од рузмарин.
Кокосово масло
Кокосовото масло е најдобро природно масло продив опаѓање на косата. Масирајте ја кожата на главата, а после неколку часа исплакнете со помош на благ шампон. Повторувајте ја оваа постапка што почесто.
Маслиново масло
Маслиновото масло е многу делотворно затоа што има способност да продре во влакното на косата, а содржи масни киселини и хранливи својства кои го поттикнуваат растот на косата.
Масло од рузмарин
Измешајте свеж рузмарин и маслиново масло, па масирајте ја вашата коса. Оставете да постои неколку часа, а потоа измијте ја косата на вообичаениот начин. Но, ова масло има уште една предност за вашата коса – ја забавува појавата на седи влакна.