Вирално

Како охриѓанецот Бетмен Велит стана еден од најневажните ликови во Македонија

Advertisement

Во холивудските филмови Бетмен се бори против најголемите криминалци, но нашиов како да ги помешал лончињата.

Advertisement

Во Македонија, како и во секоја друга земја постојат ликови кои ќе се појават од никаде и самите себеси ќе се прогласат за познати. Токму таков лик е и Бетмен Велит кој од никаде се појави на македонската јавна сцена и речиси да нема некој поважен настан во последниве неколку години на кои се нема појавено или го нема коментирано на социјалните мрежи. И секогаш според истата формула – ВМРО патриоти, СДСМ – предавници! (Добро де, беше дел и од младите архитекти кои добија ќотек на плоштадот Македонија, но токму за тоа и ви зборуваме!) Покрај тоа што постојано го турка носот онаму каде што не му е место и се појавува неповикан на гала вечери, јаде и пие на туѓа сметка, тој се прогласи и за еден од водачите на движењето „Заедничка Македонија“ кои незадоволни од изборот на Талал Џафери на 27 април упаднаа во собранието и им препишаа „смртна“ пресуда на сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Па, погледнете го неговото видео што го објави на социјалните мрежи неколку дена пред изборите и во кое повторно „ничим изазван“ предвремено ги прогласи ВМРО за победници на локалните избори. „Независниот“ демонстрант во видеото вели дека СДСМ „мало сутра“ ќе победи и многу добро знаат дека ако изгубат и со еден глас „оде воз у кукуруз“.

Погледнете во колку голема заблуда е нашиот Бетмен:

Advertisement

Робин Худ Џуниор

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button