Познатата актерка конечно ја промени фризурата – погледнете го ова неверојатно издание на прекрасната Анџелина Џоли!
Нова фризура на познатата актерка
Се уште е слаба, но повеќе не изгледа испиено, нездраво и истрошено. Таа едноставно блеска, а за тоа заслужна е и новата фризура…
По тешкиот развод со Бред Пит, Анџелина реши да сврти нова страница во животот, а тоа можеме да го видиме и од ова издание во кое изгледа прекрасно. Познатата мајка на шест деца често се појавува заедно со нив на филмските премиери, а сега ги изненади своите обожаватели со една необична комбинација, но и со нејзината нова фризура. И покрај тоа што не станува збор за драстична промена, сите што редовно ја следат познатата актерка знаат дека нејзината коса секогаш е долга и со благи бранови во прамените, но не и овој пат.
Покрај новата фризура Анџелина изгледаше прекрасно и во необичното пончо со мали реси кое го носеше преку долгиот црн фустан наместо капут, а целата комбинација ја заокружи со елегантни салонки во слична нијанса.