Вирално

Кои се трите жени што станаа градоначалнички на Битола, Арачиново и Македонска Каменица

Advertisement

Една од нив е самохрана мајка

Advertisement

Она што најмногу не радува овие избори е тоа што граѓаните на Битола , Арачиново и Македонска Каменица избраа претставнички на понежниот пол за нивни градоначалнички. Наташа Петровска победи во Битола и ќе биде првата градоначалничка по контроверзните 12 години владеење на досегашниот градоначалник Владимир Талески. Таа е Битолчанка родена на 18 декември 1971 година во Градот на конзулите.

Таа е поранеше професор по математика во техничкото училиште во Битола и координатор на советничката група во Советот на општината.

Advertisement

Покрај Битола, и со општина Арачиново ќе управува дама. Станува збор за Миликије Халими која е мајка на две деца. Таа е родена и живее во Арачиново, а има диплома од Педагошкиот факултет.

И Македонска Каменица со градоначалник жена.

Соња Стаменкова е дипломиран психолог и психотерапевт. Има 49 години и работи во приватна здравствена установа. Таа е самохрана мајка.

Инаку, според Крис Хеншо, директор на Националниот демократски институт во Македонија, се уште има ниска процентуална застапеност на жените на кандидатските листи за градоначалници, а тоа се однесува и за овие избори. Од независноста до денес само 22 жени биле министри во сите досегашни влади во Македонија, и тоа во минатиот владин состав имало четири министерки, а во актуелниот – три. Што се однесува до локалните совети пак, жените се со застапеност од околу 30 проценти, резултат кој е постигнат благодарение на изборната регулатива со родови квоти за жени, што се уште апсолутно не задоволува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button