Шпанската кралица и во класичен костум изгледа прекрасно – погледнете го ова нејзино неодоливо издание
Модерно, софистицирано и елегантно …
Кралицата на Шпанија и кога носи конзервативни кроеви изгледа фантастично. Таа во Мадрид на одбележувањето на Националниот ден на Шпанија кој се слави во чест на враќањето на Кристофер Колумбо се појави во традиционален сивкаст костум од мерино волна. Кралицата Летиција дефинитивно многу ретко ја гледаме во едно вакво класично издание бидејќи таа е склона кон експериментирање со модерните трендови и кроеви, но мораме да признаеме дека изгледа фантастично. Дека со модата е на „Ти“ ни покажа и со неколку ефективни детали со кои го освежи овој традиционален изглед. Тука пред се мислиме на бисерниот брош и обетките, но и на модерната фризура и елегантните високи потпетици кои исто така беа полн погодок.
Погледнете какви патики носи најубаво облечената кралица на светот >>