Болни вистини за животот кои мора да ги знаете и да ги прифатите
Животот може да биде неверојатно убав и добар – како од бајка.
Животот може да биде неверојатно убав и добар – како од бајка. Но, треба да знаете дека понекогаш животот може да биде брутален. Погледнете ги овие неколку животни вистини кои можеби нема да сакате да ги признаете, но едноставно морате да ги научите.
1. Никој не е ослободен од болката
Лоши работи се случувале, се селучуваат и секогаш ќе се случуваат. Но, без тежината, лесното не би било лесно, а без болката не би ја дознале вистинската цена на среќата.
2. Вашите зборови имаат моќ
Кажете го она што го сметате за важно, но бидете внимателни. Мудро избирајте го секој збор. Тие можат да повредат, да скршат срце и да ги натерат луѓето да се повлечат во себе. Кога еднаш ќе ги изговорите – веќе никогаш не можете да ги вратите назад. Но, зборовите од друга страна може да дадат и надеж, да бидат нечија помош.
3. Љубовта не е доволна
Некои луѓе едноставно не се еден за друг. Нивните потреби, желби и цели не се изедначени, па од секоја ситуација прават пекол. Самата љубов не ги решава проблемите, без разлика колку и да се сакате.
4. Можете да го дадете својот максимум, но сепак да доживеете неуспех
Или вашиот максимум не бил доволен, или пак среќата во тие моменти не била на ваша страна. За жал, многу работи не се под ваша контрола.
5. Парите и имотот нема да ве направат среќни
Парите го зголемуваат она што веќе било тука. Парите не можат да ја пополнат самотијата, тагата или внатрешната празнина.
6. Не можете да им одговарате на сите
Не може секој да ва сака. Ако се прилагодите, можеби ќе бидете прифатени, но не можете да се вклопите во секоја ситуација, а тоа ќе го откриете порано или подоцна.
7. Минатото е минато
Што се случило, се случило. Страниците на минатото се испишани. За нив не постои средство за бришање. Меѓутоа, додека дишете, можете да учите од таа книга, па понатаму одново и одново да запишувате нови поглавја.
8. Не можете да ги промените другите луѓе
Прифатете дека не е во ваша моќ она што другите го прават, или не го прават. Понекогаш можеби ќе се обидете, но нема да можете ништо да направите. Продолжете понатаму со самите себе.
9. „Не знам“ и „Не можам“ всушност значат „Не сакам“
Не за џабе се рекло: Кој сака, ќе пронајде начин. Кој не сака, ќе пронајде изговор.