Суперхерој: Мачорот Оскар може да намириса смрт
Љубителите на животни кои како домашни миленици имаат кучиња или мачки, обично знаат дека помеѓу нив постојат големи разлики, но тоа всушност ги прави забавни и убави.
Љубителите на животни кои како домашни миленици имаат кучиња или мачки, обично знаат дека помеѓу нив постојат големи разлики, но тоа всушност ги прави забавни и убави. Постојат некои мачки кои умеат да се однесуваат како кучиња, или обратно, но некои мачки имаат свои посебности и различности. Имено, се вели дека мачките спијат на места со негативна енергија, па создаваат баланс. Постојат бројни теории за мачките и нивните способности. Во некои домови за стари и изнемоштени лица постојат луѓе кои тврдат дека мачките може да предосетат дури и смрт. Еден таков е мачорот Оскар. Имено, во еден старечки домсе тестирале неговите способности така што го ставале на кревет до личности за кои се мислело дека ќе умрат во најбрзо време. Тогаш Оскар едноставно одел на друг кревет, кај друг пациент, па во повеќе од 50 случаи тој се „вселувал“ токму до личности кои се на смртна постела, како да сака да им помогне да преминат во другиот свет. Погледнете го во прилог и ова видео за неверојатниот мачор Оскар.
{youtube}v=N5aRpnT2baw{/youtube}