Тест: Изберете ја положбата која ви изгледа најудобно, па дознајте каква е вашата самодоверба
Со помош на овој тест можете да утврдите каков вид самодоверба имате.
Со помош на овој тест можете да утврдите каков вид самодоверба имате. Изберете ја позата која ја сметате најудобна (без оглед на левата или десната рака).
Поза број 1
Начинот на кој го држите зглобот покажува дека имате голема самодоверба во ситуациите каде што сте еден на еден. Повеќе сакате да водите мали групи, отколку поголеми. Ви се допаѓа кога можете да почувствувате дека другите вистински ве слушаат, но го цените и нивното мислење. Сакате да решавате проблеми и да им помагате на што поголем број луѓе.
Поза број 2
Начинот на кој ја држите својата рака укажува на тоа дека уживате во односите и во работата со вашите колеги, но и дека постои заеднчка почит. Знаете дека односите се двосмерна улица и немате време за оние кои не го возвратуваат она што го добиваат. Не можете да поднесувате незгодни луѓе. Подобро би биле со личности кои ви го зборуваат она што го мислат, отколку со некои кои ќе ве озборуваат зад грб, а в лице ви кажуваат лаги.
Поза број 3
Начинот на кој ја држите раката зад грбот покажува дека сте харизматичен лидер. Немате желба да разговарате со луѓето така што ќе ги гледате „од високо“, а ниту пак сте љубоморни на другите. Знаете дека во животот постојат најразлични препреки, па зошто да не им помагате на другите, кога знаете дека еден ден тие може да ви помогнат вам? Луѓето ѝ се восхитуваат на вашата љубезност.