Се сеќавате на Виолета и Кристина, близначките од Македонија во Големиот брат? Еве што се случи со нивната медиумска кариера по завршувањето на шоуто
Тие беа во центарот на вниманието на целиот Балкан кога пред седум години се појавија во Големиот брат.
Близначките Кристина и Виолета Ралеви станаа популарни со нивното учество во Големиот брат, но набргу по завршувањето на шоуто ја завршија нивната медиумска кариера. Во риалитито најпрво влезе Виолета која со својот отворен и искрен карактер веднаш ги освои симпатиите на публиката. Нејзе и се случи и голема љубов на малите екрани со Карло Загорац кој од друга страна пак не беше меѓу омилените натпреварувачи.
Нивната врска беше бурна, а во еден момент целата ситуација дополнително се заплетка кога во шоуто влезе и Кристина. Виолета во еден момент мораше и да избира меѓу своето момче и нејзината сестра и таа секако одлучи во шоуто да остане Кристина.
Близначките и по завршувањето на шоуто беа мошне популарни. Македонските и српските медиуми постојано пишуваа за нив, и одеднаш во еден момент тие се повлекоа од јавноста и ја завршија својата кариера.
Кристина пред три години стана госпоѓа Кристина Ралева Трајковска, а на фотографијата можете да видите како изгледа во венчаница. Нејзината сестра е уште помистериозна. Таа пред неколку години на Фејсбук објави дека е во нова среќна врска и дека е свршена.
Нејзината некогашна голема љубов, Карло Загорац денес е во среќен брак!