Доаѓа време кога на човек му треба само мир и тоа многу повеќе од што било друго
Во животот доаѓа време кога човек сфаќа дека ја преценува моќта на искуствата, затоа што откако еднаш ќе заминат тие, остануваат само бледи сеќавања кои и немаат толкава моќ да ја обликуваат иднината, да дават сила во тешките моменти.
Во животот доаѓа време кога човек сфаќа дека ја преценува моќта на искуствата, затоа што откако еднаш ќе заминат тие, остануваат само бледи сеќавања кои и немаат толкава моќ да ја обликуваат иднината, да дават сила во тешките моменти. Тогаш сите искачувања на врвот ги гледа со поинаков поглед, прашувајќи се зошто направил многу од тие работи, зошто ги остварувал соништата, кога притоа го изгубил најзначајното – мирот. Доаѓа време кога на човекот му е потребен мир, повеќе од што било друго. Тогаш не се важни забавите, ниту материјалните уживања, не е важен адреналинот ниту пак егзотичните места кои ги посетил. Доаѓа време кога човек сфаќа дека го изгубил мирот. Во такви времиња се уморува од многу работи и случувања, па сака само да седне некаде далеку и да се опушти. Во животот доаѓа време кога човек не сака ништо да им докажува на другите, затоа што знае дека тоа нема смисла. Сфаќа дека луѓето веруваат и го гледаат само она што тие сакаат да го видат. Доаѓа време кога човек престанува да се бори за некои апстрактни права, затоа што сфаќа дека таа борба само му го одзема драгоцениот мир.
Која е вашата среќна боја според хороскопскиот знак >>