Еве зошто оваа јакна е најдобрата понуда од комерцијалните брендови
Оваа сезона како и секоја досега најпопуларни се кожните модели, особено оние во моторџиски стил. Па така една јакна од Зара која и минатата година беше популарна од страна на брендот повторно е вратена во продажба, и истата можете да ја видите тука. И додека моделот од Зара и не е баш така евтин (нешто помалку од 100 долари), сите предности на нивната јакна ги пронајдовме на еден многу поповолен модел во една друга исто така популарна продавница. Имено, станува збор за брендот Страдивариус чија моторџиска јакна доаѓа во три бои. Моделот е направен од вештачка кожа и изгледа многу подобро од останатите модели што ги видовме за оваа сезона, а и цената е многу помала во споредба со онаа од Зара (околу 50-на долари). И тоа не е се. Не станува збор за обична кожена јакна, туку поради дебелата постава слободно можете да ја носите и во најстудените зимски денови.
Па, дали ви се допаѓа овој модел?
Најпосакуваната јакна од најпознатиот бренд во македонија >>