Е вака се покажува патриотизмот
Брижит Макрон продолжува да го покажува своето патриотско чувство шетајќи се низ градот што никогаш не спие во модели кои се со потписот на познатата француска модна куќа. Таа на меморијалниот споменик на жртвите кои страдаа од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година во Њујорк се појави во „off-duty“ издание и уше еднаш потврди дека Французинките се незаменливи кога станува збор за играње со стиловите.
Имено Брижит носеше едноставна бела полуролка вовлечена во тесни црни панталони, а комбинацијата ја заокружи со фантастичен капут со А крој, со заоблен завршеток и со украсена руска јака, и црни чизми со патент. Повеќе од јасно е дека некој во нејзиниот тим ја препозна љубовта на првата дама кон креациите на „Louis Vuittonom“ и тоа вешто го искористи. И како што поминува времето, најпознатата русокоса Французинка, во моментов, полека но сигурна станува и муза на овој престижен француски бренд.
Па, дали ви се допаѓа стилот на Брижит?