По примерот на Брижит Бардо – најпопуларната фризура на Пинтерест во овој момент
Девојките се опседнати со разделени шишки
На Пинтерест секогаш можеме да пронајдеме милион препораки од најновите бјути трендови, а најновиот кој во овој момент го фураат девојки од целиот свет се таканаречените „curtain“ шишки. Станува збор за тренд кој уште во 70-тите го носеше Брижит Бардо, а денес го сакаат сите. Шишки кои благо се разделени на средината и потсетуваат на завеси (curtain – завеса), кои нежно паѓаат и убаво го обликуваат лицето. Иако овие фризури можат да бидат комплицирани за одржување, според фризерските гуруа тоа не е случај и со овие шишки бидејќи секогаш изгледаат лежерно и шик. Ние во продолжение ви издвоивме неколку фотографии на кои можете да видите како познатите дами го фураат овој тренд и кои можат да ви послужат како инспирација ако решите дека е време да ја промените вашата фризура.