И Ким Кардашијан го обожава овој тренд позајмен од машките плакари
Една од последните опсесии на познатата старлета кога се трендовите во прашање се таканаречените сако-фустани кои се вистински хит оваа есен. Таа на Модната недела во Њујорк дури два пати беше видена во едно вакво парче – еднаш во беж издание, а втор пат во црно сако од Александер Ванг кое го носеше со кратки бермуди и црни „mule“ сандали. Но Ким НЕ е единствената што го обожава и носи овој тренд…
И актерката Рис Витерспун на доделувањето на Еми наградите се појави во фантастичен сако-фустан од дизајнерката Стела Мекартни.
А пред нив и манекенката Џоан Смолс
Трендот веднаш го препозна и шпанскиот бренд Зара, па во нивните продавници ќе најдете три одлични модели на сако-фустани кои можете да ги погледнете во продолжение …