Необични комбинации на бои кои ќе бидат хит оваа есен
Септември обично е месец кога парчињата во весели, живи бои ги тргаме на страна, а предност им даваме на сивите, тмурни комбинации. Но не и овој пат – во мода се модели во црвено, зелено, сино и жолто со кои ќе ја разбиеме есенската монотонија. Црвената боја е еден од клучните трендови за оваа есен што можеме да го видиме и од излозите на продавниците низ градот кои дефинитивно не останаа рамнодушни на овој популарен тренд. Но таа не е единствената „жива“ боја на која што ќе треба да се навикнеме до јануари – тука се и портокаловите и жолтите нијанси, како и розовите, сините и зелените. А што се однесува до начинот на кој треба да ги носиме, во моментот не важат вообичаените правила, нешто што беше и повеќе од очигледно и на Модната недела во „градот што никогаш не спие“ каде на секој чекор можевме да налетаме на комбинации со необични бои. Од они со розово и портокалово на пример, па се до комбинации со жолто и зелено или црвено и кафеаво. Погледнете ги фотографиите и изберете ги вашите омилени комбинации на бои со кои ќе се поиграте во следниве неколку месеци.
види повеќе » |