Холивуд

Меланија Трамп на средбата со Зоран и Зорица Заеви се појави во едно од најдобрите модни изданија што сме ја виделе досега

Advertisement

Едно од најдобрите изданија на Првата дама на Америка

Advertisement

Средбата на премиерот на Република Македонија Зоран Заев со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија во Њујорк претставува убава можност за зацврстување на пријателствата и остварување идни соработки во интерес на двете држави, напиша Заев под фотографијата што ја објави на социјалните мрежи. Тој како и неговата сопруга беа совршено облечени во согласност со протоколот, но она што нам ни остави најмногу впечаток е изборот на Меланија кој беше полн погодок.

Имено, таа за оваа пригода носеше елегантен црн фустан во комбинација со црни чевли и гламурозна фризура. Комбинацијата не е претерана во ниту еден сегмент, и мораме да признаеме дека поранешната манекенка изгледа прекрасно кога станува збор за типични „all black“ комбинации. Покрај ова фантастично издание Меланија во Њујорк претстави уште една беспрекорна класична комбинација. Овој пат во прашање беше костум во сива боја со кој се појави во седиштето на Обединетите нации.

Advertisement

И на приемот што го организираше Меланија, а на кој присуствуваше и Зорица Заев (види тука), Првата дама на Америка повторно изгледаше беспрекорно. Единствена замерка критичарите и најдоа бидејќи розовиот фустан што го носеше е прескап, но зарем требаше да глуми нешто што не е, кога сите знаеме какво богатство поседува во нејзините плакари.

Што мислите вие за овие неколку изданија на Меланија?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button