Направете вашата мачка секогаш да биде среќна со помош на овие совети
Мачките и луѓето имаат многу заеднички работи.
Мачките и луѓето имаат многу заеднички работи. И едните и другите знаат дека е убаво да се биде во семејно опкружување, но исто така и да ја ценат својата независност. Еве како да им го направите животот поубав на вашите омилени домашни миленичиња.
Спиење
Мачките спијат помеѓу 13 и 16 саати дневно и затоа сакаат да имаат топло и удобно место на кое ќе може да се одмораат. Тоа може да биде нивен посебен кревет или пак вашиот.
Храна
Лошата исхрана, како и кај луѓето, доведува до здравствени проблеми. На мачките месото им е едно од основните и неопходни намирници. Исто така важно е редовно да ги чистите садовите во кои тие претходно јаделе.
Нега
Иако мачките самите се одржуваат и се чистат, сепак, важно е да ги исчеткате одвреме-навреме. Четкањето ќе спречи и премногу влакна да се најдат на вашиот под или вашата облека.
Чиста кутија со песок
Мачките сакаат кутијата со песок секогаш да им биде чиста.
Играње
Мачките сакаат да си играат и да ловат, односно да трчаат и да скокат по својата омилена играчка. Бидете добар сопственик и поиграјте си со вашите мачки секогаш кога ќе имате време за тоа, зашто тоа исто така им е и ментална стимулација.