Мараја Кери се поправи неколку килограми, но тоа очигледно не му пречи на Брајан кој е 13 години помлад од неа
Мараја отсекогаш била позната по нејзините бујни облини
Музичката дива Мараја Кери (47) последниве денови е наоѓа во Големото јаболко заедно со својот сакан, танчарот Брајан Танаке кој е 13 години помлад од неа. Но овој пат тие вниманието не го привлекуваа како пар, туку поради необичниот изглед на Мараја која остава впечаток како дека ќе експлодира во секој момент поради облеката што ја носеше.
Покрај тоа што има раскошни облини кои сега изгледаат дури и многу поголеми, а ако го погледнете и нејзиното лице ќе забележите дека како да е позаоблено, сепак ни во таквите ситуации не се откажува од тесните парчиња кои многу често и се премали.
Но, Мараја очигледно не се грижи премногу за нејзиниот изглед кој значително се разликува во однос на оној од пред месец дена кога изгледаше вака …
Сепак, на нејзиното лице е голема насмевка што укажува на тоа дека познатата пејачка и те како ужива во врската со 13 години помладиот Брајан.