Холивуд

Совршено есенско издание на Анџелина Џоли зачинето со преубави салонки какви можете да си купите и во ГТЦ или Скопје Сити Мол

Advertisement

Анџелина од овие салонки не се одвојува во последно време

Advertisement

Анџелина Џоли се појави во прекрасна црно-бела комбинација по прикажувањето на филмот „First They Killed My Father“ во Лос Анџелес. Во совршена комбинација познатата активистка високиот гламур го искажа демонстрирајќи ја моќта на монохроматските комбинации овој пат зачинети со „nude“ салонки од кои не излегува во последно време и фантастични „оверсајз“ очила за сонце. Таа носеше бела свилена кошула, раскопчана и вовлечена во црното здолниште со А крој, а целата комбинација ја „подигна“ со црвен кармин и елегантна фризура.

Па ако барате совршена деловна комбинација за оваа есен, слободно позајмете го софистицираниот стил на Анџелина. Наш совет е да набавите и сличен модел на „nude“ салонки кои би требало да бидат направени од природен материјал, бидејќи тие се најудобни. Што се однесува до Енџи, нејзините високи потпетици се со потписот на „Ryan Roche“, а сличен модел можете да најдете речиси во секоја продавница во ГТЦ или Скопје Сити Мол.

Advertisement

Дали ви се допаѓа изборот на Анџелина?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button