Бијонсе во комбинација што НЕ би ја носел ни Тошо Малерот
Што се случува со стилистите на познатата пејачка?!
Бијонсе откако само пред неколку дена не воодушеви со нејзината прекрасна смарагдно-зелена комбинација, повторно не шокираше со нејзиниот моден избор. Таа објави неколку фотографии од нејзината последна модна сага на Инстаграм на кои изгледа како нејзините стилисти да се на годишен одмор, па се советувала со Ким Кардашијан. Или како да се спремала за снимање на К-15! Како со други зборови да ја опишеме оваа комбинација во која кралицата на поп музиката не само што НЕ изгледа воопшто жешко во екстремно тесните розови панталони туку тие потполно дегутантно ги истакнуваат нејзините облини и задник.
А ако на ова ги додадеме и необичната голема кошула со розови цветови каква не би носел ни Тошо Малерот, па и чантата од змиска кожа, дефинитивно добиваме комбинација за која најблаго можеме да кажеме дека е кичерајска. Или чисто промашување …
https://www.instagram.com/p/BZNWV0FF89a/
Што мислите вие?