Кои се најпопуларните фризури за невести на сите времиња
На тој ден едноставно сé МОРА да биде совршено!
Кога станува збор за денот „Д“, секоја дама што го поминала знае дека зад кулисите ситуацијата и не е баш така розова. Се мора да биде под конец, а тука пред се мислиме на изгледот на невестата. Таа се грижи за илјадници работи поврзани со свадбата, но пред се за невестинскиот фустан, шминката и фризурата. И најинтересно е тоа што кога зборуваме за изгледот на несвестите можеме да забележиме дека и покрај тоа што трендовите постојано се менуваат, некои работи остануваат речиси исти. Тоа најмногу важи за фризурите, кои ги преминуваат бариерите на времето, па многу често во мода се истите оние што ги носеле и нашите мајки и баби. Во видеото што ќе ви го претставиме ќе ги видите токму таквите вечни фризури кои и за идните невести би можеле да претставуваат инспирација.
{youtube}Vx7YAHqfTXw{/youtube}