Најдобра терапија за оние што сакаат животни – чувањето на домашно милениче влијае позитивно и на здравјето!
Освен што внесува радост во вашиот дом, домашните миленици ве прават и поздрави.
Освен што внесува радост во вашиот дом, домашните миленици ве прават и поздрави. Доколку имате некое милениче во вашиот дом, прочитајте како тие влијаат на вашиот организам и психичката состојба.
Расположение
Само половина час игра со вашето домашно милениче може да направи да бидете посреќни. Исто така уште една предност е тоа што истражувачите откриле дека мачињата ја намалуваат тагата.
Стрес
Само пет минути дружење со кучето го намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес. Многумина имаат изјавено дека друштвото на домашното милениче повеќе ги смирува од присуството на брачниот партнер.
Помала болка
Верувале или не, миленичињата се во состојба да ве излечат, односно да ја намалат болката што ја чувствувате во даден момент.
Поздраво срце
Присуството на милениче во куќата го намалува забрзаното работење на срцето и високиот крвен притисок. Миленичињта позитивно влијаат на намалувањето на холестеролот во крвта и триглицеридите.
Ви требаат ли уште докази, или ова е доволно уште веднаш да посегнете по уште еден нов куќен пријател?