86-годишна баба изгуби неверојатни 54 килограми шетајќи се низ својот еднособен стан
Во животот се бореше со вишокот килограми, а потоа во еден момент сериозно одлучи да промени сè.
Имено, 86-годишната Џесика Луиса стана вистински хит и доказ дека сте стар колку што се чувствувате стар.
Таа одлучи да се реши од вишокот килограми во 70-тите години откако беше предупредена дека може да се соочи со дијабетес поради прекумерната тежина.
„Не знаев како да престанам да јадам, сакав кокошки, сланина, јајца, десерти, пици, колачи и пити”, ја опиша агонијата во која се нашла Џесика, и призна дека дури и како дете секогаш била најдебела во класот.
Па така таа одлучи секое утро, веднаш по будењето, да направи три илјади чекори во нејзиниот еднособен стан, шетајќи меѓу дневната соба и кујната.
За да ја мотивира во својата цел нејзината внука ѝ даде нараквица со која ги мери чекорите.
По делумно менување на исхраната и исфрлањето на нездрава храна, таа не мораше долго да чека за резултати. До денес, таа има изгубено 54 килограми и нагласува дека се надева дека ќе го искористи својот пример за другите како доказ дека никогаш не е предоцна да се сменат работите.
„Сакам старите да сфатат дека годините што ги носиме на грб не значи дека мораме да се откажеме од нашите животи. Сакам да им кажам дека постои подобар начин да се живее животот, само треба да се избере”, рече оваа прекрасна баба.