81-годишна баба проговори за бракот со 35-годишниот Египќанец – воопшто не контактира со своето семејство

Баба од Британија ги шокираше гледачите на This Morning кога сподели детали од сексуалните лудории со нејзиното 46 години помладо момче од Египет и призна дека воопшто нема контакт со своето семејство откако се венчала за него.
Ајрис Џонс (81) се венчаше со својот сопруг Мохамед (35).
Таа рече дека нејзиното семејство не ја контактирало откако таа и Мохамед се венчале претходно оваа недела и дека ќе се обиде да стапи во контакт со нив пред да се врати во Англија на 11-ти декември.
Зборувајќи за свадбата, Ајрис рече дека двојката ја прославила својата годишнина во локалниот ресторан KFC и испратила повик до премиерот Борис Џонсон да му дозволи на Мохамед да дојде во Англија, каде што ќе биде од корист за економијата.
Ајрис зборуваше за молкот на нејзиното семејство по нејзината свадба.
„Добивам молк е сè уште не сум слушнала ништо, ќе стапам во контакт со нив кога ќе се вратам во Англија на 11 декември бидејќи треба да знам како се чувствуваат за Мохамед“, рече таа.

„Тој е прекрасен, но факот дека е помлад од моите синови е можеби болна точка“.
„Но, нема разлика. Постар сум од неговата мајка и татко, свекрвата и свекор ми се помлади од мене“, изјавила Ајрис.
„Ние се сакаме и само тоа е важно“, рече таа.
Тие немале традиционална вечавка туку се потпишале на арапски документ за да ја официјализираат врската.
„Тоа беше размена на документи. Моравме да потпишеме неколку документи“, рече таа.
„Потоа, документот ни беше предаден, еден за Мохамед и еден за мене, сите на арапски, воопшто не знам што пишува“, рече таа.

Зборувајќи за MailOnline претходно оваа година, Мохамед кажа: „Бев многу нервозен, но во моментот кога ја погледнав, знаев дека тоа е вистинска љубов. Јас сум многу среќен маж што најдов ваква жена“.
Мохамед работел како инспектор за заварување, но се откажал од својата работа за да помине време со Ирис кога таа дошла во Каиро.
Тој живее во куќа со три соби со своите родители плус две сестри и еден брат кои се сите помлади од него, но жестоко негираше дека бил со Ајрис за нејзините пари или пасош за Британија.
Ајрис, поранешна чистачка, живее во бунгалов од 220.000 фунти и поминува со пензија и инвалидска помош од 200 фунти неделно.

Мохамед рече: „Не ми е гајле каде живееме или колку е богата или сиромашна, само сакам да бидам со Ајрис“.
„Луѓето мислат дека сум со неа од сите погрешни причини. Знам дека Британија е прекрасна земја и многу луѓе сакаат да одат таму, но мене не ми пречи. Подготвен сум да живеам со неа каде било во светот“.
Мохамед открил дека за време на нејзината посета на Египет ја однел Ајрис дома на вечера, каде таа го поминала времето со неговата мајка.
„На мајка ми многу и се допадна Ајрис и добро се сложуваа иако имаше проблем со јазикот“.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин