Сметките за греење може да бидат застрашувачки. Но, постојат начини да се намалат трошоците без прибегнување кон носење јакни во затворен простор. Еве 6 лесни трикови кои ќе ви помогнат да го задржите вашиот дом пријатно затоплен по прифатлива цена.
1/6 Сервисирање на котелот за парно греење
Најочигледниот, а сè уште занемарен чекор, што може да го преземете за да ги намалите трошоците за зимско греење е да го сервисирате котелот во есен. Исто така, размислете и за вградување на термостат; неговата способност да ја намали топлината автоматски додека семејството не е дома или додека спие може наголемо да ја олесни вашата месечна сметка.
2/6 Дабл-бабл меурчиња
Кога станува збор за загуба на топлина, прозорците се едни од најголемите виновници, па затоа е важно да ги изолирате правилно. За ефтин лек, исечете парче од дабл-бабл за совршено да се вклопи во внатрешноста на рамката на прозорецот, испрскајте тенок слој вода на прозорецот и поставете го парчето врз стаклото. Слојот пластика ќе ја пропушта сончевата светлина и, истовремено, ќе ја задржува топлината каде што припаѓа: внатре.
3/6 Рефлектирајте ја топлината од радијаторите
Ако имате радијатори во вашиот дом, обидете се да ја рефлектирате топлината со поставување на алуминиумска фолија зад секој радијатор. Наместо само да го затоплува ѕидот, радијаторот ќе ја загрева фолијата која ќе ја рефлектира топлината назад во собата.
4/6 Стоп за вратите со провев
Ако имате врати со провев, направете изолација со пена во вид на цевка. Исечете ја пената според должината на вратата и нанесета ја на долната страна – да, да, сторете го тоа истото и на внатрешните врати! – за да спречите топлината да избега и да ги намалите трошоците. Најдобриот дел е тоа што овие ‘забушувачи’ на провевот лесно се отстрануваат кога ќе се стопли времето, па немате изговор да не го испробате ова решение за заштеда на буџетот.
5/6 Зграбете ќебе за котелот
Ако немате ‘јакна’ за вашиот котел, шансите се дека ќе ја губите топлината. Разгледајте ја идејата за топлотна изолација на овој уред за да се намали загубата на топлина и да спасите околу 800-900 денари месечно. За да тестирате дали вашиот котел има потреба од дополнителна изолација, едноставно допрете го. Ако е топол, веројатно може да искористите специјална изолаторска лента, но проверете го прво прирачник за да бидете сигурни дека вашиот модел може да се покрие.
6/6 Пуштете ја сончевата топлина и светлина дома
Ова е далеку најлесното нешто што може да го направите за пониски сметки за греење: Кренете ги завесите кога е сончево! Особено е важно да ги дигнете и ролетните на прозорците на јужната страна, бидејќи тие го пропуштаат најтоплото попладневно сонце. Само не заборавајте да ги спуштите ролетните и завесите повторно во текот на ноќта за да го задржите сиот затоплен воздух внатре додека сонцето не се врати повторно.