Диети

5 најдобри диети за 2013

Реклама
Реклама

Оваа 2013-та година е навистина интересна кога станува збор за нутриционизмот и општото здравје на луѓето на глобално ниво. Во САД на пример со закон се забранија газираните сокови/соди, со големо количество на CO2.

dietche1 

Ваквите постапки се резултат и последица на најновите анализи кои покажаа дека луѓето од западната култура се повеќе се здебелуваат како резултат на нездравата исхрана и начин на живот, а тоа најмногу се гледа кај децата. Процентот на дебели деца е застрашувачки голем, а уште пофрапантни се анализите кои велат дека од година во година истиот само ќе се зголемува. А од друга страна пак, резултатите од 25 годишната студија исто така покажуваат дека ниту изгладнувањето не го продолжува животниот век, како што до неодамна се веруваше.

Маркетинг

Па така, направени се повеќе истражувања и клинички студии, публицирани во еминентни списанија, од кои произлегоа дузина нови режими за исхрана кои би требало да продуцираат здрава диета, ефикасни методи за губење на несаканата тежина кои се имаат покажано како најдобри. Затоа и ние направивме поопширно интернет истражување во кое темелно ги разгледавме овие нови начини на слабеење и здрава исхрана и сега ќе ви ги презентираме.

1. Волуметрискa

Маркетинг

Трик: Големи количини на вода во сé што јадете

Дали е добро за здравјето? – Да

Ова е метода на една од пионерките на полето на нутриционизмот, Др. Барбара Џ. Ролс на која почнала да работи уште од 2 000 година. Оваа таканаречена Волуметриска диета се фокусира на консумација на продукти во секојдневната исхрана кои содржат големо количество на течности како би се создало чувство на ситост во организмот. Ова на еден начин претставува тивка борба со неконтролираното чувство на глад. Храната како супа и зеленчук богат со скроб се фаворизираат над останатата храна, богата со калории.

2. Вегетаријанска (Веган диета)

dietche2 

Трик: Исфрлете ги сите продукти од секојдневната исхрана кои имаат
животинско потекло.

Дали е добро за здравјето? – Да

Веген диетата за разлика од стандардната вегетаријанска диета се разликува по тоа што оди чекор понатаму. Како додаток на процесот на елиминација на црвеното месо и пилешкото, Веган исто така ги исфрла и јајцата, млекото, па дури и медот! За разлика од класичните начини на вегетаријанска исхрана, со прифаќањето на Веган животниот стил, се подразбира дека комплетно ќе се измени целиот начин на живеење, не само делот на исхрана. Значи, комплетно се избегнува кожата, свилата и волната, како и козметичките продукти кои потекнуваат или пак во својот состав содржат животински продукти.

Една студија, објавена во 2007 година, доаѓа до заклучокот дека ниско калоричната Веган диета резултира со „значително и големо губење на тежината“, во споредба со стандардните начини на исхрана со ниско маслени и без холестерол продукти. Оние кои ја применувале оваа диета, за една година не само што ги губеле сите несакани килограми, туку во скоро ниту еден случај ’пациентите‘ не се здебелувале повторно.

3. Диета со мало ниво на масти

Трик: Големи количини на безмаслена и ниско маслена храна

Дали е добро за здравјето? – Екстремно

Овој режим е дизајниран за намалување на ризикот од срцеви заболувања и инфаркт, потцртувајќи го лимитот од 30 % калории од масти, 10 % од заситени масти и 300 милиграми холестерол.

Кога учесниците во оваа студија (следени од Американската асоцијација на срцеви заболувања) се држеле строго до овој начин на исхрана, со лимит од 1 500 калории дневно за жени и 1 800 за мажи, диетава продуцирала втор најбрз начин на губење на несаканата тежина помеѓу сите клинички истражувања на оваа тема.

4. Аткинс диета ( со ниско ниво на јаглехидрати)

dietche3 

Трик: Стриктни лимити на сите јаглехидрати

Дали е добро за здравјето? – Не

Станува збор за таканаречената револуционерна диета на Др. Роберт Аткинс, прв пат публицирана уште во 1972г. и сега, неколку декади покасно стана една од најпопуларните во светот и се има етаблирано како вистински бренд на ова поле. И додека самата диета беше менувана во текот на изминатите 40-тина години, самата есенција на истата остана иста, докажувајќи дека кога правилно ќе се применува, вишокот сало и масни наслаги не се враќаат назад.

Самата програма го лимитира внесувањето на јаглехидрати при консумирањето на храна, со што се забрзува метаболизмот и на големо започнува топење на мастите. Единствен проблем со оваа диета е во тоа што ниското ниво на јаглехидрати и брзото топење на мастите не е воопшто добро за кардиоваскуларниот систем на телото.

5. Медитеранска диета

Трик: Многу овошје, зеленчук, тврдо овошје и маслиново масло и многу
малку црвено месо.

Дали е добро за здравјето? – И тоа како

Со рестрикција на калориите, Медитеранската диета на која главна цел и е намалување на стандардното внесување на калории од мастите и замена на истите со маслиново масло, со што се добива големо трошење на калории (според некои истражувања и најголемо и воедно најздраво).

На глобално ниво (и масовно) овој вид на диета прв пат беше публикуванa во 2001 година во списанието “Eat, Drink, and Be Healthy” („Јади, пиј и биди здрав“) од страна на првиот човек на одделот за нутриционизам на универзитетот Харвард, во САД и во него беше дадена пирамидална метода, за тоа како подобро да се комбинираат овошјето, зеленчукот, маслиновото масло и тврдото овошје (кое содржи масти кои не се наталожуваат во организмот), како база за диетава. А големата популарност ја стекна со книгата „Сонома Диета“, која се најде на листата на бест селери во 2006 година.

dietche4 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button