Реклама
Култура[тор]

21 Грам ( ’03)

Реклама

Режија:Alejandro Gonzalez Inarritu
Улоги:Sean Penn,Benicio Del Toro,Naomi Watts,Charlotte Gaisburg

 

Во денешно време, кога филмот постои повеќе од 100 години, навистина не е лесно да се дојде до оригинална идеја, а уште помалку истата да се реализира на оригинален начин. Само големите мајстори тоа може да го направат, да остават белег во годините кои ќе следат со својата автентичност, со што ќе ни дадат доза на оптимизам, дека оној што е вистински способен, во секое време и на секое место може да продолжи да ја испишува историјата на филмот.

Маркетинг

Токму таков е мекциканецот Inarritu, кој во 2003 година ни го претстави својот прв филм од англиско говорно подрачје, едно од најпесимистичките дела во последните неколку години, кое тотално плени. Станува збор за психолошкоит трилер „21 Грам“, кој го прави заедно со сценаристот на неговиот претходен филм „Љубовта е Кучка“, Guillermo Arriago. Овој тандем пофторно на исти начин како и во претходниот филм, ни ја раскажува приказната нелинеарно и непропорционално, тестирајќи ја нашата проникливост и моќ на запазување.

„21Грам“ тече како низа на временски неповрзани случки (всушност, ако пробате да го напишете сценариото во нормален тек, ќе се уверите дека настаните не можат точно временски да се вклопат) кои дури во финалниот расплет, кој е вистинска катарза, се соединуваат и ни даваат осмислена и заокружена целина. Но тоа не е само каприц на авторите, туку успешна метода со која визуелно ни го доловуваат хаосот кој го преживуваат главните ликови.

Маркетинг

Професорот по математика Paul, кој е тешко болен и на кого итно му потребна операција на пресадувње на срце, поранешниот криминалец и робијаш Jack, кој сега е преобратен христијанин и бившата зависничка Christine која живее нормален семеен живот. Сите овие навидум неспојливи ликови ќе ги сврзе несреќниот сообраќаен случај кој ќе доведе до губење на фамилијата на Christine, со што на Paul ќе му биде дадена шанса да го продолжи животот, а Jack ќе биде вратен во уште подлабок круг на пеколот од неговиот живот, токму во моментите кога изгледа дека светлината е веќе опиплива. Сето тоа кај нив ќе потегне олуја од нови чувства, желби за пекинување на бесмислениот живот, опседнатост со освета и желба да се помогне, да се возврати барем со нешто за добивањето на најголемиот поклон на нов живот.

Дури и во најобичен след на настаните, ваквиот заплет би бил интересен и возбудлив, но режисерот не се задоволува со такви медиокритети, туку продолжува онаму кај што застана со „Љубовта е Кучка“, која е раскажана во рашомонски стил на изразување. Во „21 Грам“ тој го надградува таквиот стил, правејќи еден мозаик чии делови хаотично ги реди од сите страни и правци. Всушност филмот е втор дел од трилогијата на Inarritu, која започна со „Љубовта е Кучка“, а заврши со „Бабел“ и е врв во споменатото тројство.

Глумечката екипа е најверојатно најдобрата која англиското говорно подрачје има да го понуди, посебно во тој период. На Sean Penn улогава само му се надополнува на онаа од “Mystic River” од истата година, за која конечно беше награден со Оскар. Naomi Watts продолжува да се искачува по патот кој претходно и го овозможи David Lynch со “Mulholland Drive”, а веќе и повеќе од докажаниот Benicio Del Toro додаде уште еден бисер во својата глумечка кариера.

„21 Грам“ е дефинитивно еден од три, четирите најдобри филмови направени во 21 век.

{youtube}VArpLbTaZFY{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button