Реклама
Вирално

18-годишна девојка ја запалиле жива бидејќи пријавила сексуално вознемирување – докторите не можеле да ја спасат!

Реклама

Многу девојки и млади жени во конзервативниот Бангладеш не сакаат јавно да зборуваат за своите искуства на сексуално вознемирување или злоупотреба од страна на мажите стравувајќи дека ќе бидат отфрлени од општеството и дека тоа ќе предизвика срам на нивното семејство.

Фото: Илустрација

Но 18-годишната студентка Нусрет Јахан Рафи од градот Фени, студентка во локалното исламистичка училиште, не само што јавно прозборе, туку на 27 март, со поддршка на семејството случајот на сексуално вознемирување од страна на директорот на училиштето го пријави во полиција. И тука започнуваат нејзините вистински проблеми.

По давањето исказ во станицата дека директорот ја допирал по телото во неговата канцеларија, полицијата требаше да и обезбеди заштита и безбедна средина, но наместо тоа, службеник и кажал дека тоа и „не е толку голема работа” и ја снимал Нусрат со мобилен телефон и видеото потоа се појави во локалните медиуми.

Маркетинг

И набргу откако отишла во полицијата, и видеото се појавило во јавноста, Нусрет се соочи со осуда на заедницата во која што живееше, а потоа и со вознемирување и насилни напади. Сепак, директорот беше уапсен, но тоа доведе до масовни протести на улиците кои бараа негово ослободување. Нусрат со тоа некако се соочи и 11 дена по пријавата за сексуално вознемирување замина на училиште да полага испити.

Маркетинг

Според нејзината подоцнежна изјава, тој ден била однесена на покривот на училиштето од страна на една од нејзините колешки, каде што ја дочекале неколку маскирани лица кои барале да ја повлече пријавата против директорот. Кога одбила, ја запалиле жива со керозин.

Шефот на полициската истрага Банај Кумар Мајумдер по овој страшен настан заклучи дека убијците сакале да направат како Нусрат сама да се запалила, но не успеале во намерата бидејќи девојката уште некое време останала жива па можела да даде изјава пред да почине.

Еден од монструмите ја држел за главата, па за тој да не ги изгори рацете, на несреќната студентка не и ставиле керозин преку лицето, изјави шефот на полициската истрага Мајумдер за БиБиСи Бангладеш.

Со изгорени осумдесет проценти од телото 19-годишната студентка била пренесена во болница во Даку, а во болничката кола нејзиниот брат ја снимил нејзината последна изјава пред да почине. „Директорот ме допираше и јас ќе се борам против тој злочин до последен здив“, изјави таа во потресната снимка, а успеа да ги препознае и некои од напаѓачите како студенти од истото училиште.

 

На нејзиниот погреб во Фени присуствуваа илјадници луѓе, а полицијата уапси 15 лица. Директорот е задржан во притвор, а полицаецот кој со мобилен ја снимил изјавата за вознемирување е тргнат од должноста.

https://www.youtube.com/watch?v=1nry8CGOQA4

 

По овој страшен настан, не можете а да не си го поставите прашањето зошто несреќниот случај со Нусрат привлече внимание, но само откако беше нападната од страна на монструмите? Останува само надежта и болката за сите жени од ваквите конзервативни средини дека конечно ќе го променат своето мислење и ќе почнат јавно да зборуваат за сексуалните вознемирувања од страна на посилниот пол и тоа да го сметаат за злочин, а оние што го сториле тоа да бидат изнесени пред лицето на правдата. И да бидат осудени!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button