Реклама
LIFESTYLEВирално

14-годишно момче заработи 200.000 долари играјќи „Fortnite“

Реклама

Грифин Спикоски е 14-годишник кој преку популарната компјутерска игра на Фортнајт, заработил околу 200.000 долари, пишува Fox News.

Момчето од Њујорк под прекарот Скептик ја игра популарната компјутерска игра околу осум часа на ден, додека за време на викендите може да помине  iдо 18 часа играјќи.

Маркетинг

Грифин постојано снима видеа и истите ги прикачува на неговиот канал на YouTube, кој го надгледуваат повеќе од еден милион претплатници од каде и заработува пари. Отскокот тој го доживеа откако го победи во оваа игра добро познатиот играч на Фортнајт пред девет месеци. Тогаш се повеќе и повеќе корисници почнаа да го следат одеднаш, па момчето го искористи за да заработи пари за реклами, спонзори и примање донации од неговите претплатници.

Тој му кажал на новинарот на ABC дека ова некако е неговата работа, а во август дури и се приклучил на професионалната организација esport Misfits Gaming, која го класифицирала како “професионален спортист”.

Маркетинг

На изненадување на многумина, неговите родители целосно го поддржуваат. Затоа дури и ангажирале финансиски советник за да му помогнат со парите што ги заработува, плаќајќи за студирање и купување куќа.

Како што поминува многу време, Грифин не оди на училиште, студира од дома преку онлајн курсеви, а неговиот татко посочува дека домашната задача е секогаш на прво место. Исто така, тој и неговата сопруга ги советуваа другите родители да ги охрабруваат своите деца ако се страстни за видео игрите и да ги поттикнат да ја развијат оваа кариера.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button