10 работи што мислев дека ги знам за мајчинството – пред да се породам и станам мајка

Откако стана мајка и нејзиното мало девојче дојде на свет, оваа блогерка направила листа на работи за кои мислеше дека ќе бидат подобри и лесно изводливи со бебето, но откако се породи сфатила дека згрешила. И тоа квалитетно.

Џесика Тејлор на својот блог , но исто така и за Хафингтон пост и Форбс ги напиша следниве 12 работи:

ADVERTISEMENT

Породилното ќе биде убав одмор од работа

Точно, ги пропуштам конференциските повици, патувањата на работа но ова не е празник и одмор кој го замислував. Затоа што сега работам 20 часа на ден, без плата , покриена со повраќање и какушки.

Ќе биде лесно да се излезе со бебето

Пакување два часа, менување на облеката пет пати (бидејќи бебето сигурно ќе се искака, испрска), потребни се нинџа вештини, да ги ставите сите овие работи во колата и да се обидете сето тоа без да се обидувате да завршите со повраќање на бебето при извршувањето на горенаведените чекори.

Нема да ми треба толку голема помош

Всушност сега сакам помош и тоа 24 часа на ден. Сакам постојана помош во сите нешта.

Јас веднаш ќе се заљубам во моето бебе

Мислам дека постои непосредна и необјаснива врска , но исто така мислам дека вистинската љубов доаѓа постепено.

Постпородилната депресија и емоции нема да биде голема работа

Освен ако не мислите дека е лесно да се справиш со тага и очај без спиење .

Уморот не е таков како што изгледа

Не е стршно, него пострашно. Како што ме потсети мојот брат, недостатокот на сон е форма на мачење . Значи, ништо страшно. Само ќе побудалеете.

Ќе бидам подготвен да се вратам на работа

Видете ги претходните две „правила“

Јас лесно ќе се вратам во форма бидејќи не работам

Не само што немам време, немам енергија или желба . Јас бев зависник од фитнес поголемиот дел од мојот живот, но сега немама желба и не ми е гајле.

Нема да ме допираат кои  ги читам на Интернет

Ова може да биде случај ако не поминат 20 часа на ден во хранење на вашето бебе и паметен телефон е единствениот прозорец во светот .

Секако, ќе бидам добра мајка

Можеби на некое ниво и јас сум, бебето е здраво и напредува (ура!), Но постојано се сомневам во себе и генерално се чувствувам хаотично.

 

 

Facebook Comments
(Visited 73 times, 1 visits today)