Новости

Џесика Алвес ги истакна своите огромни нови гради во комбинезон од 3000 фунти и го „сруши“ интернетот

Привлекува внимание каде и да се појави

Advertisement

Познатиот трансродов модел Џесика Алвес (39) ги покажа своите раскошни облини во цветен фустан пред да се пресоблече во својот фустан со средна должина на одморот во Бразил.

Познатото телевизиско лице позираше во долгиот жолт фустан со зелени цветови и плисирано здолниште во Сао Пауоло.

Advertisement

Таа го покажа резултатот од својата трета интервенција на градите преку кои елегантно паѓаше нејзината долга руса коса.

Џесика потоа позираше и во смел црвен фустан со дезен од ружи кои совршено стоеја на нејзиниот облик на телото.

Advertisement

Таа својот изглед го зачини со гламурозна палета на шминки, како и со црвениот маникир кој не можеше да помине незабележано.

Овие фотографии доаѓаат откако Џесика откри дека „100 % е готова со пластичната хирургија“ додека ексклузивно разговараше со „МејлОнлајн“ по враќањето од Бразил. Како што самата изјави, таа 100 % завршила со пластичната хирургија, така што сега носот и е фиксиран, може добро да дише, изгледа неверојатно, но конечно така и се чувствува.

Таа исто така изјави дека се уште е сама, но и дека и е доста од мажи кои ја посакуваат само за с*кс, но не и да бидат со неа во врска.

Таа откри и дека на својот „ОнлиФанс“ налог одбива да прав чудни работи и дека фотографиите ги прави со професионален фотограф.

Инаку, познатата телевизиска ѕвезда неодамна откри дека заработила 2 милиони фунти преку оваа социјална мрежа. Таа е позната и по тоа што има импланти од 2220 кубика и има потрошено милион фунти со преку 100 операции за кои мисли дека се вредна инвестиција, односно вложување во нејзина среќа.

„Сакам да сум жена и се гордеам со тоа. Додека растев, во мислите имав долга коса и раскошен облик на телото, а денес сум жена од своите соништа. И тоа е толку прекрасно чувство кога сте задоволно со својот изглед“.

Беше тоа долго патување за да бидам она што сум денес. Со повеќе од 100 операции и потрошени преку милион фунти, нешто што јас го доживувам како вложување во својата среќа и во иднината, – барем ќе остареам како среќна жена, вели таа, пишува „Дејли мејл“.

Инаку Џесика претходно позираше во смел жолт комбинезон од Баленсијага од 3000 фунти кој беше зачинет со длабоко деколте и отвор на половината.

Таа целото издание го „подигна“ на повисоко ниво со розовите високи потпетици од Кристијан Лоубоутин со цена од 560 фунти и елегантна чанта од „Версаче“ што на интернет се продава за 2000 фунти.

@Знам дека не се вклопувам во нормалните или класичните стандарди за убавина и тоа е мој личен избор, а луѓето треба тоа да го почитуваат и да ме остават на мира. Тоа е мој живот и ме прави среќна тоа што сум , изјави Џесика претходно за британскиот портал „Дејли мејл“.

Таа не крие и дека своите стари гради од 1550 кубика сега ги заменила со нови импланти од 2200 кубика и дека е презадоволна од нив. Но исто така не дозволува хејтерите и насилниците на интернет да ѝ ја расипат среќата бидејќи конечно е жена каква што отсекогаш сакала да биде.

Инаку Џесика е еден од најпознатите трансродови модели на светот и отворено зборува за пластичните операции, но и за промената на полот.

Џесика беше опседната со пластичните операции уште пред да го промени полот. Претходно таа беше позната како Родриго и неретко ја нарекуваа „жив Кен“ и „најпластичниот маж во светот“.

Џесика неодамна позираше и за магазинот Плејбој и не крие дека никогаш ни не сонувала дека некогаш ќе позира за популарниот магазин како жена. „Кога ја почнав транзицијата, не ни помислував дека ќе стигнам дотука, дека ќе изгледам добро како сега и дека ќе се чувствувам толку среќна“, вели таа.

Фото: Инстаграм/ Џесика Алвес

Фото: Инстаграм/ Џесика Алвес

Фото: Инстаграм/ Џесика Алвес

Фото: Инстаграм/ Џесика Алвес

Фото: Инстаграм/ Џесика Алвес

Фото: Инстаграм/ Џесика Алвес

Фото: Инстаграм/ Џесика Алвес

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button